| четврток, 6 декември 2018 |

„Киненова“ : Фестивалот се занимава со филмска уметност, а не со верска омраза

Поради јавното споменување и инволвирање на фестивалот „Киненова“ во случувањата за филмот „Ругање со Христос“, организаторите денеска ги соопштија своите позиции и ставови. Тие велат дека „Киненова“ е филмски фестивал што се занимава со филмска уметност, а не со верска и национална омраза.

-Се оградуваме од каков било контекст кој е надвор и поинаков од уметност и авторска слобода, велат организаторите. Тие велат дека годинава добиле апликација од филмот ‘Ругање со Христос’ и кога го изгледале, решиле да го селектираат во официјалната програма, а годинава првпат имало и домашен филм на фестивалот.

-Програмата на фестивалот беше јавно објавувана како на социјалните медиуми така и во јавните гласила и печатени медиуми. Јавен настан беше проекцијата на филмот на 5 октомври, петок, во 20 часот. Повторуваме, 5 октомври, петок, во 20 часот. Во понеделникот, 7 октомври, претставник на фестивалот беше поканет на судско рочиште на 8 октомври за предмет со наслов: „Привремена забрана за прикажување на филмот поради ширење верска и национална омраза и загрозување на соживотот на народите во државата и проценета вредност од 18 милиони денари“, велат од организацијата на фестивалот.

На рочиштето, додаваат од таму, јавниот правобранител во име на Министерството за култура, а во име на РМ, го повлече своето барање против фестивалот „Киненова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top