| четврток, 6 декември 2018 |

Бошњаковски: Одлуката за 30-дневен притвор за Ристевска е престрога во однос на стореното дело

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција соопшти дека одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристевска за Владата делува престрого во однос на стореното дело.

– Сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските прописи и дека Македонија е држава која се темели на владеење на правото. Владата како за сите други прашања, така и за ова е отворена за дискусија со сите заинтересирани страни, рече Бошњаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top