Наследничките на Моника Белучи и Венсан Касел ретко ги гледаме во јавност. Но и тоа се случи токму вчера во Бразил, додека Дева и Леони уживале на плажа заедно со нивниот татко.
Постарата ќерка Дева има 12, а помладата Леони 6, а од фотографиите може да заклучиме дека тие заедно со својот татко минале еден апсолутно посебен ден на плажа во Рио де Жанеиро, каде што Венсан и живее.
Моника и познатиот француски актер децата ги добија во бракот којшто го склопија во 1999-та, но му ставија точка пред три години.
Дева е веќе искусен пливач, но и ниту помалата Леони не се предавала, додека Венсан за целото време бил тука, следејќи ги во сите водени лудории.
Нивниот заеднички ден очигледно минал во знакот на вистинското семејно уживање.
А мама Моника за тоа време ужива во Милано. На фотографиите коишто пристигаат директно од Италија, таа е елегантна и убава, впрочем како и секогаш.
Моника никогаш не сокриваше колку ја променило мајчинството, колку ѝ било важно да се реализира и во улогата на мајка.
– Штом посакав да добијам дете, многу брзо и забременив. Но, кога би имала проблеми, би била подготвена на сè, па дури и на колена да минам цела пустина само за да ја остварам својата цел, изјави таа пред неколку години за магазинот Vanity Fair.
Гостувајќи на еден фестивал Моника исто така зборуваше за нејзините ќерки, духовито коментирајќи:
– Велат дека е правило за второто дете да биде слика и прилика на таткото. Најискрено се надевам дека во мојот случај тоа нема да биде така и дека нашето девојче нема ниту најмалку да личи на Венсан. Како маж, тој е неодолив, но замислете си само девојче со негови црти на лицето!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.