| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката дијаспора во Лерин ќе докажува каде е Македонија

lerin

Лерин

Никогаш нема да прифатиме име за ФИРОМ што ќе го содржи терминот Македонија, името Македонија,несомнено е историско и културно наследство на Грција и за тоа не се преговара – ова се дел од одлуките донесени на 67. конференција на грчките пан- македонски организации, јави дописникот на „Канал 5“ од Грција.

Грците од САД кои се собраа во Лерин, преку нивниот конгрес и нивните одлуки, бараат од грчката влада конечното име за нашата земја да се разликува, од, како што велат, нив Македонците, а да го изразувал мултиетнички карактер на нашиот земја.

Исто така, споменуваат дека е потребно и во Грција да се распише референдум за името, во кое никако не смеел да бидат вклучени македонски јазик и македонски идентитет. Грците од дијаспората во нивните барања одат до таму што според нив би требало во Македонија да се направат и уставни промени, кога Скопје и Атина би нашле заемноприфатливо решение.

Како што објави „Канал 5“, на конференцијата во Лерин ѝ претходеше средба во Литохоро, на која грчкиот министер за Македонија и Тракија, во стилот на златнозорците, порача дека Македонија е една и Грчка.

На 8 јули почнаа активностите на Грците од дијаспората, а завршуваат задутре, додека, пак, во текот на утрешниот ден ќе заминат во еднодневна екскурзија во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top