| четврток, 6 декември 2018 |

Странски новинари и туроператори во Демир Капија

Странски новинари и туроператори изминатите два дена беа во посета на Демир Капија, во рамки на проектот за прекугранична соработка помеѓу оваа општина и општината Лерин од Грција, објави „Економски лидер“. Се работи за проект финансиран од Европската Унија со над 300 илјади евра и во чии рамки се гради туристички едукативен тренинг центар во Демир Капија, единствен од ваков вид во поширокиот регион.

Целта на посетата беше да се запознаат со туристичките потенцијали на демиркаписката општина и Тиквешкиот регион. – Општините Лерин и Демир Капија располагаат со огромни природни богатства кои заслужуваат да бидат видени од туристите. Во рамки на посетата на Македонија гостите во изминатите два дена имаа можност да ги видат винарските визби „Еленов”, „Тиквеш“ и „Стоби”, како и да дегустираат од квалитетните вина кои се произведуваат во овие винарии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top