Триесет и четиригодишна Британка не успеала во својот обид да го преплива протокот Ла Манш. Таа синоќа починала додека пливала во водите на Атлантски Океан. Била придружувана од 10-метарскиот англиски брод „Патфајндер“, кој испратил сигнал за тревога и побарал дефибрилатор. Француските спасувачки служби испратиле хеликоптер на воената морнарица, ја пренеле Британката во болницата во Булон-сур-Мер, но не успеале да ја спасат.
Температурата на водата била 15 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!
-
Дванаесет годишната Миа сруши државен рекорд во пливање