Кевин Гарнет се пресели во Бруклин нетс, го побара и го доби дресот со број 2, во чест на загинатиот пријател Малик Сејли, кој, исто така, беше професипоналец во НБА. Во Бостон не можеше да ја носи „двојката“ поради легендарниот Ред Оербах, во чија чест дресот со број два беше кренат на јарболот во „Бостон гарден“.
Приказната за пријателството на Гарнет и Сејли датира од времето кога двајцата играа заедно во Минесота. Кевин постојано истакнуваше дека идол му е Малик, а токму на денот на прославата на 24. роденден на Гарнет се случи голема трагедија. Сејли, враќајќи се дома, загина откако на неговиот џип налета комби и го усмрти по страотниот судар.
Оттогаш Гарнет го бара дресот со број 2 што го носеше Сејли, во чест на прерано заминатиот пријател и ментор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.