| четврток, 6 декември 2018 |

Христијан Мицкоски: Власта од ден во ден ја покажува цела своја немоќ и расипаност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил се осврна на тажната слика за Македонија.

-Референдум на кој се полнеа кутии, афери кои продолжуваат, тендери кои се бројат во милиони, филм кој власта го забрани, режисер чие семејство е мета на прогон, како и многумина други…е тажната слика за Македонија денес.
Власта од ден во ден ја покажува цела своја немоќ и расипаност, ова не е веќе битка само за името, ова не е веќе битка само против еден штетен договор, ова е битка на секој еден човек против оваа власт, за правда, за осуда на криминалот, за пoдобар живот, за подобра иднина, за Македонија која победува!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top