Директорот на фестивалот на дебитантски филм „Киненова“, Небојша Јовановиќ се огласи по повод написите објевни во медиумите.
-Поради тековни организациски обврски и целосна посветеност кон успешно оддржување на третото издание на КинеНова, меѓународен филмски фестивал дури сега ги увидовме јавните написи на почитуваиот режисер г-дин Јани Бојаџи и почитуваниот в.д. директор на ЈУ МКЦ г-дин Русе Арсов.
Бидејќи сме прозвани во двата текста, а по наше мислење сосема непотребно,сметаме дека е потребно да го кажеме нашиот став.
КинеНова е меѓународен филмски фестивал кој се оддржува веќе трета година по ред, започнувајќи од 2016 та година. Третото издание е во тек, започна вчера на 3-ти октомври, а ќе трае до 12-ти октомври.
Идејата на фестивалот е да прикаже дебитантски филмови на режисери со особен осврт кон филмови кои воведуваат нови филмски техники или се бават со теми кои се со посебен осврт во оштествата од каде потекнуваат.
Изминатите две изданија на КинеНова се реализираа во соработка со ЈУ МКЦ под едни услови. Во меѓувреме, а скоро, имаше промена во раководството на ЈУ МКЦ.
Точно е дека водени по инерција бевме затекнати од условите кое раководството ги истакна пред нас, од причини што веќе го имавме испланирано фестивалот по очекуваните услови од претходно.
По директна и конструктивна комуникација со раководството на ЈУ МКЦ успеавме да најдеме решение кое е прифатливо за двете страни и минимум технички и финансиски услови под кои КинеНова може да си дозволи да го оддржи фестивалот. Следствено, потпишавме договор, понуден од ЈУ МКЦ пред два дена во кој една од ставките е дека фестивалот како организатор има на располагање по 10 билети за секоја проекција што е различно од претходните наши соработки како организација со ова институција.
Затоа сме благодарни и на г-дин Јани Бојаџи кој без никакви барања ни го отстапи своето дело да го прикажеме во рамките на фестивалот и со свечено отварање, и на г-дин Русе Арсов што внимателно ги сослуша нашите барања и направи напори во рамките на своите овластувања и можности да не се спречи изведбата на КинеНова 2018.
Затоа се оградуваме од било какви различни интерпретации. КинеНова 2018 е настан организиран од вљубеници во филмската уметност и сакаме да уживаме во истата заедно со вас.
Согласно договорените услови на МКЦ ве повикуваме сите заинтересирани, да си купите билети од билетарата на МКЦ по цена од 100 денари. КинеНова е непрофитна организација и не добива ништо од средствата кои ќе бидат наплатени од ЈУ МКЦ преку билетите.
Да уживаме во филмската уметност.
Со почит,
Директор на Филмскиот Фестивал КинеНова
г-дин Небојша Јовановиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Три фантастични филмови на Зеки Демиркубуз- enfant terrible на турската кинематографија во кино „Милениум“
-
Небојша Јовановиќ, директор на МФФ „Киненова“: Нема поубава работа од тоа да си го одржите личниот, но и колективниот интегритет на високо ниво
-
Репризни проекции на филмовите наградени на „Киненова“
-
Денеска завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова“