Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дка Иран е сѐ поблиску до производство на атомска бомба и дека еден ден Израел можеби ќе мора да дејствува пред САД. Премиерот смета дека Техеран ќе ја премине црвената линија за неколку недели.
– Се приближуваат на црвената линија. Сѐ уште не ја преминале, но сѐ поблиску се да создадат бомба. Мора јасно да им се каже дека тоа нема да им биде дозволено – изјави Нетанјаху за „Си-Би-Ес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.