| четврток, 6 декември 2018 |

Замрзнат имотот на водачите на Муслиманското братство

egipet voen udarЗамрзнат е целокупниот имот на 14 водечки функционери на движењето Муслиманско братство. Ваква одлука денеска египетското Државно обвинителство. Меѓу имотите што се замрзнати е и оној кој припаѓа на лидерот на движењето, Мохамед Бадие, и на неговиот заменик Хаурат ала Шатер.

Полицијата издаде налог за апсење на Бадие, додека симнатиот претседател Мохамед Морси, исто така член на тоа движење, веќе се наоѓа во притвор. Одлуката на обвинителството да ги замрзне имотите на високите функционери на Муслиманското братство е дел од истрагата која се води против нив. Според египетската државна телевизија „Канал 1“, запленет е имотот и на лидерот на Партијата на слободата и правдата, Мохамед Саада ал Катанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top