| четврток, 6 декември 2018 |

Зеколи: Прашајте го мнозинството зошто рече „НЕ“

САД и ЕУ се во состојба на длабокао негирање на мрачната реалност, која помогнаа да се создаде со нивната арогантност и елитизам. Овој пат луѓето гласаа против криминалот – корупцијата. Продолжете така, па наредниот пат ќе гласаат против вас, пишува на својот профил на „Твитер“ аналитичарот Арсим Зеколи.

„Не значи не – му кажа Македонија на светот. Вашите усти велат НЕ, но колковите изговараат ДА, ни одговара западот“, се пошегува аналитичарот.

Во серијата твитови инспирирани од резултатите на референдумското изјаснување, поранешниот амбасадор на Република Македонија во ОБСЕ и во ОН потенцира дека вчерашните резултати не се глас против западот, ниту пак за истокот.

„Ова е црвен картон за корупцијата и „тоа-па-тоа“ политиките. Најверојатно ќе им требаат неколку дена да ја сфатат лекцијата од аматерските политики кои произлегуваат од потценувањето на електоратот“, пишува Зеколи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top