| четврток, 6 декември 2018 |

Зеколи: СДСМ се уште го нарекува Зијадин Села „шовинист” или чека да им го изгласа Преспанскиот договор?

Според поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ и политички аналитичар Арсим Зеколи, односите меѓу СДСМ и Алијансата за Албанците може од темел да се нарушат во предизборието и по изборите.

    • Дали СДСМ се уште го нарекува Зијадин Села „шовинист”, или чека да им го изгласа Преспанскиот договорот, па да продолжат со забивање кукавички ножиња во грб, за мерка и ќеиф на Премиерот Ахмети? Нејсе, да не заборават дека принципот „победник со победник” е сега поништен – пишува Зеколи, кој важи за одлично информиран за општите политички состојби особено за распоредот на силите во албанскиот блок.

Зеколи со ова ја отвора дилемата дали Села е свесен дека може да биде злоупотребен од страна на Заев и СДСМ за да ја заврши работата на најголемата албанска партија во моментов ДУИ.

Зеколи порачува дека со влезот на ДУИ во владата на Заев го урна т.н. договорот од 2008 година на кој инсистираше Ахмети и сега се отвара шанса за нова владина коалиција во која би влегла и второрангираната македонска или албанска партија доколку заедно освојат 61 пратеник.

Ако се суди според изјавага на Зијадин Села минатата недела на емисијата “360” на “Алсат – М”, кога тој не исклучи децидно коалиција со ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ влегуваат во неизвесна ситуација во која доколку дојде до било каков договор меѓу двете десничарски партии, ВМРО – ДПМНЕ и Алијансата за Албанците сите опции за нова влада се во игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top