| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал ја тресе Британија: Нови проблеми во кралското семејство и тоа поради Меган!

Саманта Маркл, сестра по татко на војвотката од Сасекс, стигна во Лондон и предизвика нов скандал во Велика Британија.

Иако не се виделе 12 години, Саманта инсистира насамо да се види со помладата сестра.

-Прекрасно си поминувам во Лондон. Британците се така гостољубив народ-се огласи Саманта на Твитер, кога стигна во британската престолнина.

Британските медиуми пренесуваат дека Саманта сака да разговара со сестрата за нивниот татко Томас(74) кој е тешко болен.

Инаку од моментот кога е соопштено дека Меган ќе се омажи за Хари, Саманта не престанува со напади на својата сестра и тоа само да заработи пари и добие пет минути слава.

Така неколку дена пред венчавката на Меган и Хари, Саманта излажа дека доживеала сообраќајна несреќа додека ја прогонувале папараците и таа  информација ја продала на таблоидите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top