| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа Милевска му подари икона на Дмитри Хворостовски (фото)

kanceska2Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска му подари икона на руската оперска легенда Дмитри Хворостовски. Иконата со приказ на ангелот од Курбиново, изработена од монасите во манастирот Зрзе. Гостинот, кој на Античкииот театар приреди концерт за паметење, истакна дека е среќен што добил дел од македонското културно наследство.  Во рамките на неговиот престој во Охрид слушна многу за вековната историја и вети дека повторно ќе дојде да ужива во , како што рече, овој прекрасен град.

kancevska

-Македонската публика е многу топла, пријателска, бев многу возбуден што пеев на оваа прекрасна сцена, возбуден од сета ова убавина што ме опкружува. Бевме благословени и со прекрасно време. Многу сум среќен што дојдов. Не ми требаше многу за да прифатам да дојдам на фестивалот. Сигурно пак ќе дојдам и ќе го донесам целото мое семејство овде – рече по концертот Хворостовски.
Диригентот Константин Орбелиан пак од  македонската министерка за култура Канческа Милевска доби  сребрена пеперутка во рамка, копија на оргиналната пеперутката од филигран, препознатлива за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top