| четврток, 6 декември 2018 |

Маркез со триумф до прво место во генералниот пласман

Шпанскиот моторциклист младиот Марк Маркез триумфираше на трката во Заксенринг што се возеше за ГН на Германија.

Маркез ја искористи шансата на отсуството на Хорхе Лоренцо и Дани Педроса и се искачи на првото место во генералниот пласман со 137 бодови и сега има два бода повеќе од Педроса и десет од Лоренцо.

Трката ја започна од пол позицијата но веднаш по стартот беше поминат од Валентино Роси и Штефан Брадл.

Како одминуваше трката младиот Шпанец возеше се посигурно и во шестиот круг го зазема првото место и го сочува до крајот. На второто место се пласираше Кал Крачоло со заостанување од две секунди, а на третото беше Валентино Роси.

Следната трка во МотоГП шампионатот се вози на прославената патека во САД „ Лагуна Сека “.

Во Мото2 шамионатот победа извојува Шпанецот Жорди Торес пред Италијанецот Симоне Корси и сонародникот Пол Еспаргаро. Во генерален пласман води Скот Ридинг со 143 поени пред Пол Еспаргаро со 120 и Естеве Рабат со 88 бода.

Во Мото3 тројна победа на шпанските моторциклисти. На подиумот се искачија Алекс Ринс пред Луис Салом и Маверик Вињалес.

Истите овие возачи го сочинуваат триото и во генералниот пласман. Луис Салом е прв со 172 бода пред Маверик Вињалес со 158 и Алеск Ринс со 142 бода.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top