| четврток, 6 декември 2018 |

Комплетна промена на состојбата во центрите за дијализа

dijaliza aparatИзградба на нови простории за дијализа и целосна реконструкција на постојните, обезбедување современа апаратура согласно сите стандарди и набавка на нови, наместо досегашните нефункционални столови, се само некои од обврските на концесионерите кои идната недела и официјално ќе ги добијат лиценците за работа во овој сегмент од здравството.Министерот за здравство, Никола Тодоров, вели дека проектот стартува успешно, а е повеќе од неопходен зашто треба да овозможи надминување на сегашната, катастрофална состојба во центрите за дијализа.

– Долго време, повеќе од десетина години, здравстевните власти добиваа сериозни критики бидејќи условите за дијализа во Македонија беа исклучително лоши. Многу од апаратите се стари, со над 25.000 часови, некои и со 30.000 до 40.000, голем е и процентот на пациентите со хепатит Ц, преку 80 отсто, посебно во Штип, Велес и Кочани, што дополнително ја усложнува состојбата – нагласи Тодоров.

Тој смета дека по влезот на концесионерите ќе има многу поквалитетна услуга за регистрираните 1.400 пациенти кои одат и до три пати неделно на дијализа во вкупно 19-те центри низ државата.

На конкурсот објавен во мај годинава со кој беа опфатени 4 региони, од вкупно петте апликанти, најдобри понуди доставија Орка Холдинг АД Скопје и Метрополитен ДООЕЛ Скопје. Орка Холдинг доби лиценци за вториот реон (Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Кичево, додека Метрополитен ДООЕЛ Скопје за третиот (Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Струга и Охрид).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top