Двајца возрасни, од Кичево и од Македонски Брод, добија кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „обљуба врз немоќно лице”. Истражен судија на пријавените им изрече 30 дневен притвор.
Кичевчанецот, 58-годишниот Е.М., инаку братучед на 35 годишната девојка, заедно со 49-годишниот З.О. од Македонски Брод, сосед на девојката, долг период со уцени, закани и притисоци дека ќе ја избркаат од нејзината куќа сексуално ја злоставувале С.Ѓ. која пати од психички проблеми, искористувајќи ја тешката ментална и психичка состојба во која се наоѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.