| четврток, 6 декември 2018 |

Полна сала на концертот на „Тексас“ во Скопје

Салата на спортско рекреативниот центар „Кале“ беше целосно исполнета за гостувањето на шкотските музичари „Тексас“ кои со експлозивна енергија одржаа концерт за сите сетила.

Пред нивниот настап за загревање на атмосферата се погрижија неприкосновените „Ареа“, кои и самите можеа да одржат целовечерен концерт во салата. Интересно е тоа што ова е еден од ретките концерти кога публиката веќе беше целосно дојдена и за настапот на предгрупата.

„Тексас“ го започнаа концертот со „I Don’t Want A Lover“, песна која веднаш ја активираше, жедната за одлична забава, присутна публика, а потоа следуваше и безвременската „Summer son“ по која се знаеше дека ова ќе биде концерт на кој публиката воопшто нема да седне. Низ целиот концерт беше присутна позитивната енергија на Шарлин, која меѓу песните водеше забавни разговори, споделуваше детали за нејзината приватност и впечатоци од престојот во Скопје.

– Три дена сме во Македонија, вчера имавме слободен ден и бевме во Старата чаршија, јадевме гравче со леб. Вие навистина знаете да готвите, вашата храна е неверојатна!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top