| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарот близу Арачиново изгаснат, штетата незначителна

Пожарот близу Арачиново што избувна синоќа околу 21 часот на местото викано „Шамак“, бил изгаснат после час откако интеревенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Како што изјави за МИА в.д. командирот на ТППЗ на Скопје, Звонко Томевски, станува збор за опожарена поголема површина сува трева, трска и пченка. Поради конфигурацијана на теренот и близината до каналот, бил отежнат пристапот на пожарните возила. Настаната штета е незначителна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top