Еден е убиен, а двајца се тешко повредени, ножеска по полноќ на улицата „Рузвелтова“ во центарот на Скопје, кога од автомобил во движење непознати лица со рафали пукале во друг автомобил Сеат Алтеа.
„На 29.09.2018 год. во 00,30 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ бр.63 во близина на СЈО пукано е во ПМВ „Сеат Алтеа, каде што во возилото биле лицата Наим Аети (1974) од ул.„Методија Андонов Ченто“кој од здобиените повреди од истрели починал на лице место, а додека лицата Ф. Е. (1999) и А.П. (1969) со возила на ИМП се пренесени во УЦ Мајка Тереза.
Од Ургентен информираат дека починал уште еден од повредените, третиот бил опериран.
-Триесет минути по полноќ во Ургентниот центар беа донесени тројца повредени од огнено оружје. Кај еден од повредените беше констатирана смрт. Другите двајца беа хоспитализирани на Клиниката за анестезија, реанимација, и интензивно лекување-КАРИЛ со животозагрозувачки повреди. Еден од нив два часа по прием на Клиниката и покрај сите напори на медицинските тимови им подлегна на повредите, додека кај третиот пациент беше интеревнирано хируршки во текот на ноќта. Во моментов лекувањето продолжува во единицата за интензивно лекување – изјавува д-р Алберт Леши, раководител на Ургентниот центар на Скопските клиники.
Пресметката ноќеска почна пред објектот на СЈО на „Рузвелтова“ во Скопје, каде од автомобил во движење непознати лица со рафали пукаа во друг автомобил. Возилото во кое се наоѓале загинатиот и повредените било начекано веднаш по семафорите на крстосницата со „Партизанска“, по што бркотницата продолжила до наредната крстосница со „Орце Николов“, на 300 метри оддалеченост. Таму, изрешетаното возило преминало во спротивната лента и се судрило првин со едно возило кое случајно поминувало, а потоа и со друго паркирано возило пред кафулињата кои се наоѓаат во близина. Напаѓачите избегале.
Вооружената пресметка се случи околу полноќ, кога се затвораат кафулињата во петок и фреквенцијата на луѓе и возила во тој дел на градот е поголема. „Рузвелтова“ беше затворена за сообраќај од „Партизанска“ до „Орце Николов“, а блокирани беа и помалите споредни улички кон населбата Карпош 1.
Полицијата уште нема дадено официјално соопштение за настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)