| четврток, 6 декември 2018 |

Храна без рок на употреба, дали ја имате дома?

Ако се добро затворени и складирани на место кое не го фаќа сонце и нема влага, некои намирници кои секојдневно ги употребуваме немаат рок на траење.

На пример, ако го затворите добро, медот може да трае вечно, а во тоа се увериле и археолозите во Египет, кои во гробниците пронашле мед стар околу три илјади години, кој се уште можел да се јаде. Бидејќи содржи мали количини на вода, шансите за преживување на бактериите и микроорганизмите се многу мали.

Солта во најлош случај може да се стврдне, но нејзиниот рок на траење е неограничен.

Без разлика дали е во прашање бел или кафеав шеќер со поголем процент на меласа, оваа слатка намирница никогаш не се расипува.

Сувиот грав може да го јадете до недоглед, но имајте на ум дека со стареењето, исто така, се продолжува и неговото време за готвење.

На кафеавиот ориз проверете му го датумот на пакувањето, но на белиот нема потреба – ако се чува на правилен начин трае засекогаш.

Сите видови оцет имаат долг рок на траење, а белиот алкохолен оцет не може да се расипе, евентуално може да го промени вкусот.

Чистиот екстракт од ванила кој има висок процент алкохол нема да ги изгуби своите својства ако е добро затворен и се чува на суво и ладно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top