| четврток, 6 декември 2018 |

И скопски бизнисмен се фатил на јадицата на Генерал Мими

mvrПознат скопски бизнисмен, човек кој се занимава и со политика,сопственик на една образовна установа се вплеткал во мрежата на Генерал Мими, жената која се претставувала ако шефица на базата на НАТО во Косово, Бондстил, објави Прес 24.

Се работи за жена која беше вчера уапсена, бидејќи измамила многу граѓани. Читатели за Прес 24 раскажуваат:
„Приказната беше дека во Македонија треба да дојдат високи офицери на НАТО од Косово и дека ќе се преместат со цели семејства да живеат во Скопје како и дека нивните деца треба да се запишат тука на факултет. Ни рече дека ние ќе треба да ги возиме низ цело Скопје и низ цела Македонија, секаде каде што ќе има потреба. Исто така ни рече дека ќе треба да им набавуваме храна и се што им е потребно од Македонија. Ни рече да изнајмиме возила од една скопска фирма на наше име и ни вети плата од 1800 евра. На сите кои ги зедовме колите ни рече да одиме во бутик и добро да се облечеме“.

Според информациите, таа дури отишла и кај еден сопственик на факултет за да му ја продаде истата приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top