Најмалку 13 луѓе загинале во вчерашната екслозија во сунитска џамија во јужните делови на ирачката престолнина Багдад. Според безбедносните служби, експлозијата одекнала во близина на централниот влез во џамијата Халид бин ал-Валид. Во градските болници биле пренесени 35 настрадани. Сé уште ниту една група не ја презема одговорноста за овој напад, а багдадската полиција соопшти дека отворила истрага.
Се работи за уште еден во серијата терористички напади од почетокот на светиот муслимански месец Рамазан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


