Им ветувала вработување во НАТО и големи бизниси со претставништвата на алијансата во регионот. МВР ја уапси „Генерал Мими“, 34 годишна жена од Скопје, која лажно претставувајќи се како шефица во базата Бондстил успеала да измами повеќе македонски државјани. Им ветувала вработуања и бизниси со НАТО за одреден паричен надомест. Жртвите дури и ги праќала во Битцијани за да се облечат во одела и добро да изгледаат на бинзнис средбите, кои всушност никогаш не се случувале. Кога ќе ги земела парите, исчезнувала. Press24 повикувајќи се на свои извори, објави дека приказната за „Генерал Мими“ стигнала дури до Брисел. На поплаките реагирал дури и Генреалниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен. Тој преку својот амбасадор Дирек Бренгелман, кој минатата недела беше во Македонија директно им кажал на македонските власти дека жена измамничка го злоупотребува името на алијансата. „Генреал Мими“ била веднаш уапсена. Сè уште не се знае колкумина точно се вплеткале во нејзината измамничка мрежа. Информацијата е потврдена од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


