| четврток, 6 декември 2018 |

Како Најдовски го надитри Зоран Иванов во дебата за идентитетот (видео)

Ицо Најдовски-Перин, историчар и долгогодишен активист за правата на Македонците во соседството на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ го насамари Зоран Иванов со „одредница”, и го именуваше како Ѓорге Иванов, на што Зоран Иванов  веднаш  реагираше дека името му е Зоран а не Ѓорге.
Ова беше едноставен пример за тоа дека со промена на името се менува идентитетот.

Со историски факти се обиде да му се спротистави на соговорникот Зоран Иванов и да докаже дека Бугарскиот договор е штетен за македонскиот народ и дека ние никогаш не можеме да имаме иста историја со Бугарите, ниту пак Бугарите да го преземаат Илинденското востание како нивно востание затоа што според него ниту еден бугарски бојник не учествувал во истото.

Според Ицо Најдовски кој е еден од најистакнатите македонски активисти во Австралија не е потребно некој од надвор да ни кажува што да правиме туку треба да се промени менталитетот на оние кои се на власт и кои ја водат државата и националната светст да се крене на повисоко ниво како на пример кај Албанците.

Ицо Најдовски исто така ја осуди и работата на владата која што веќе година и пол се занимава со промена на името и заборави за ветувања кон граѓаните за подобра иднина и подобро функционирање на иституциите судството, полицијата итн…

Тој направи паралела и рече дека Австралијанците за 200 години успеале да створат Австралиска нација, а ние сеуште се бориме и не успеваме да создадеме наша нација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top