| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичката болница нема да оперира

фото: strumicanet.com

фото: strumicanet.com

Струмичката болница нема да оперира. Според најавите од средината на следниот месец во ЈЗУ “Општа болница“ во Струмица нема да се вршат никакви хируршки интервенции во двете операциони сали. Пациентите од овој регион ќе се препраќаат во Штипската и Гевгелиската болница. Според министерот за здравство, Никола Тодоров, веќе е распишен тендер за реконструкција на двете операциони сали и изградба на една нова во Струмичката болница. Се очекува тендерот да заврши на петти, а најповолниот понудувач треба градежните активности да ги заврши за 30 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top