Чудно, но вистинито… Во Чешка гробовите на великаните се даваат на посвојување. Администрацијата која се грижи за гробиштата во Прага, се решила на ваков чекот за да успее да ги одржува гробовите на познатите личности. На овој начин, компанијата се обидува да го запре уништувањето на познатите историски споменици чие одржување чини многу и за што најчесто тешко се наоѓаат средства. Меѓу гробовите кои се нудат на „посвојување“ се наоѓаат гробови на познати писатели, поети, музичари, сликари, актери и историски личности.
Се нудат две опции за посвојување. Првата е да се направи закуп на значајната гробница во целина, со што тогаш оној кој ја најмил ќе плаќа кирија и ќе биде обврзан да ги надокнадува сите потребни поправки. Втората опција е давање донации од повеќе посвоители кои ќе се користат за реставрација и одржување на гробот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.