Со сопствено вештачко сонце и површина три пати поголема од Пентагон, најголемата зграда на светот ги отвори вратите за првите посетители во Ченгду, престолнина на кинеската покраина Сечуан.

Се работи за зграда висока околу сто метри и во неа може да собере 20 сиднејски Опери. Комплексотима должина околу 500 метри, ширина од 400 метри и 1,7 милиони метри квадратни површина. Во зградата, , за кој кинеските власти велат дека е најголемата зграда на светот, има продавници, канцеларии, конференциски сали, универзитетски комплекс, два трговски центри, два хотели со пет ѕвездички и кино сали со IMAX системи.

„Глобал центар“ (Global Centre) е дизајниран според морска тематика и има фонтани, голем воден парк и вештачка плажа. Централниот дел се состои од 5.000 метри квадратни вештачка плажа. Плажата може да собере 6.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


