Експлозијата во која вчера настрадаа двајца работници од висококатниците во скопската населба Аеродром не се случила на самиот градежен објект, туку близу канцелариите на градилиштето во објект во кој е сместена кантината.
Ејуп Учат претставник на „Џеваир Холдинг“, турската компанија инвеститор на висококатниците, за Телеграф вели дека од засега неразјаснети причини експлодирал уред кој работи на плин, а служи за греење на водата во кантината. Според него, двајцата работници, кои инаку се молери и се ангажирани преку фирма подизведувач, во моментот на експлозијата случајно се нашле во близина. Едниот од молерите во моментот полнел вода од надворешна чешма во непосредна близина на уредот кој експлодирал, а вториот бил малку поодалечен од него. Едниот од молерите е надвор од животна опасност, додека другиот е потешко повреден и се неговата состојба сè уште е неизвесна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


