| четврток, 6 декември 2018 |

Хворостовски на прошетка по Охридското езеро (галерија)

Светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија Дмитри Хворостовски имаше едночасовна прошетка по Охридското езеро. Од  бродот „ Свети Наум“ се воодушевуваше на секоја глетка од езерската шир. Рече дека немал зборови со кои можел да ја опише убавината. Едноставо посата да ужива во природата. Најголем впечаток му остави живописната црква  Канео  за која рече дека е најуникатното нешто што досега го видел.

IMG_0185

Во друштво на неговиот десетгодишен син Максим и диригентот Константин Орбелиан заедно со директорката на „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска и музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, маестро Хворостовски на крај од прошетката ручаше во кафаната „Потпеш“ на самиот брег од езерото.

IMG_0172

IMG_0173

IMG_0175

IMG_0214

IMG_0220

IMG_0222

IMG_0226

IMG_0228

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top