Најмногу ми недостасуваат природните убавини, од кои што би ги извоил, Охрид, кањонот на Радика, плоштадот во Скопје, Козјак, крстот во Аеродром, Пелистер, Галичица, крстот на Водно, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од сѐ што набројав дел се природни, дел се натприродни убавини! Вака во интервјуто за „Точка“ зборува Васко Тодоров, комичарот кој веќе неколку години живее во Австралија.
- Гиро, хамбургер, пица и лазањи, а од пијалок, џин тоник и водка џус…Шала на страна ништо не ми фали, затоа што овде има се што има во Макеоднија: и македонски продавници и кафани со македонска храна, а посебно македонски пијалоци, барем тие мене што ме интересираат, а тоа е логично, затоа што мислам дека во последните години бројот на Македонците овде ништо чудно да е поголем од бројот на Македонците во Македонија! – вели Васко.
Целото интервју на „Точка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.