| четврток, 6 декември 2018 |

Од 1 јули за сите вработени во приватните фирми: К-15 од 9.610 до 14.090 денари

На сите вработени во приватниот сектор од 1 јули, па до крајот на годинава треба да очекуваат да им легне на трансакциска сметка регресот за годишен одмор или популарно наречениот к-15 во износ од минимум 9.600 денари (според последните информации за износот на нето/бруто плата по вработен).

Поголемиот број од компаниите секако дека за исплата на овој износ ќе почекаат до крајот на годината, меѓутоа има и некои кои ќе ги земат предвид зголемените трошоци за време на летниот период поради сезоната на годишни одмори па можно е да ги израдуваат своите вработени што е можно поскоро.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40% од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40% од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).

Минатогодишните искуства покажуваат дека компаниите што подолго чекаат за исплата на овој законски задолжителен надоместок, толку повеќе трошоци имаат земјаќи го фактот за постојаното зголемување на платите во овој период.

 

извор: vrabotuvanje.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top