Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје и ги предаде 44-годишниот Ш.С., 33- годишниот С.Ш., 38- годишниот Р.Џ. и 36- годишниот И.П. сите од Скопје за кои постои основано сомнение дека извршиле тешка кражба на сеф минатиот месец.
Од станот на ул. „Павел Шатев“ во сопственост на М.М.(56), зеле метален сеф во кој имало поголема сума на пари, златен накит и огнено оружје (пиштол) со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 33.580.000 денари.
Тешката гражба ја извршиле викендот 21-23 јуни со насилно кршење на балконската врата од станот кој се наоѓал на првиот кат.
При претрес на нивните домови пронајдени се предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат и од други тешки кражби. Од пријавениот Ш.С. одземено е ПМВ “АУДИ А-8 ТДИ КВАТРО” поради сомнение дека истото е употребено за транспорт на украдениот метален сеф. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Саша Поповиќ го ограбил пријател од естрадата: Точно го знаел секој милиметар во куќата
-
Прилепчанец оштетен за 70 000 евра: Од подрумот му украле евра, долари, франци и злато
-
Граѓани се жалат дека некој им ги испразнил сефовите во „Шпаркасе банка“
-
Го фатиле како краде алкохол во „Тинекс“, се гони за тешка кражба


