Српската пејачка имала тајна средба со легендарниот холивудски актер кој во моментот го снима неговиот последен филм во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, средбата се случила веднаш после забавата по повод свеченото отворање летната бавча на ресторанот „Ке паса“ во Белград, сѐ со цел да се избегнат новинарите и фоторепортерите.
Отварањето на ресторанот на кој Беквалац е ко-сопственик, се случило завчера со голема забава на српската елита.
– Наташа пристигна на забавата околу десет часот во друштво на својата сестра Кристина и на портпаролот. Пирс дојде после полноќ, кога веќе сите фоторепортери го напуштија објектот. На тој начин избегна да се фотографира, а и релаксирано можеше да се запознае со Наташа – рекол извор за српски Курир.
Што се разговарало и дали српската убавица била таа која ја иницирала средбата или пак Броснан го искористил својот 007 шарм, засега не е познато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


