| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е земјата за која сите сонуваат – штом ќе се родиш, имаш заштедено 20.000 долари!

danska

По речиси пет години негативни каматни стапки, данските домаќинства се побогати од кога било, а ако се суди по податокот дека штедењето на граѓните во Данска во декември минатата година достигна рекордно ниво, известува агенцијата Блумберг.

Со вишокот пари со кои не знаат што ќе прават, Данците ги „клукаат“ банките кои се преполни со штедни сметки, па така земјата која држи светски рекорд по негативни каматни стапки сега, исто така, има и рекордно банкарско штедење, пишува њујоршката агенција.

Данците имале импресивен раст на реални плати, рекол во телефонската изјава за Блумберг, главниот економист на Никредити, Торе Страмер.

Негативните камати, коинцидирале со траен раст на вработеноста и што е поважно со процут на станбениот пазар, рекол тој, додавајќи дека банките се воздржале од воведување на негативните камати за граѓаните.

Стармер проценува дека ако вкупниот износ на заштеди се подели по бројот на жители, секој маж, жена,  дете и новороденче во Данска имаат заштедено по 21.000 долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top