Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес го посети Велес, каде оствари средба со граѓаните.
-Она што е евидентно од она што го разговараме со разговараме со граѓаните, има еден помал дел кој што се уште за жал не се воопшто запознати или во многу мал обем се запознати со текстот на истиот, меѓутоа она што може да се забележи од најголемиот дел од нив е дека воопшто не се согласуваат да прифатат едно вакво капитулантско дело кое што всушност значи не само бришење на името на државата, но исто така значи бришење на јазикот, идентитетот и на се она што е македонско и со кое што векови наши претходници се бореле и залагале, истакна Јанушев по средбата.
Генералниот секретар на партијата одговарајќи на новинарско прашање истакна дека планираат уште најмалку еден протестен марш кој што ќе се одржи следната недела, а за кон во наредните денови ќе бидат објавени сите детали.
-Партијата се реши за најдемократскиот и најслободоумен начин на изразување на граѓаните каде што буквално повеќе пати објаснивме дека ова е прашање кое што е над сите политички партии, дека е над било кој поединец во Република Македонија. Задира во чувствата на сите нас како Македонци и дека македонскиот народ покрај тоа што има многу пропатено во изминатиов период особено последнава година и пол, е доволно свесен, паметен и знае како треба да одлучи и како ќе постапува на самиот ден на референдумот на 30 септември. Во однос на првиот дел од вашето прашање, всушност и ова во Велес што го направивме во еден дел е посета на граѓаните разговор со нив и она како што кажав, оние кои што се уште немаат доволно информации за самиот договор со Грција да им објасниме зошто ние како партија сме против договорот и зошто го сметаме за капитулантски и штетен. Исто така она што е доста евидентно, начинот на кој што пробува власта во последен момент да ја вовлече ВМРО-ДПМНЕ во целата оваа прикаска која што цело време ја држеше настрана, бидејќи се поевидентно е и за нив нема да успее референдумот, пробуваат сега на картата на ВМРО-ДПМНЕ. Ние тоа не го прифаќаме, ние од самиот старт го кажавме нашиот став. Од друга страна го гледаме Заев како јавно без никаков пардон нуди и повикува на поткуп, за што и поднесовме кривична пријава и бараме од обвинителството да постапува во однос на истото. Ако одиме по еден следствен тек на настаните се погласни се и шпекулациите дека СДСМ е спремно да се дрзне и на фалсификат на самиот референдум, што се надевам дека граѓаните нема да го дозволат истото. И ние исто како политичка партија ќе застанеме на вистинската страна и нема да дозволиме, било какво понатамошно урнисување на државата, вели Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јанушев: 50-тина луѓе со месеци се предмет на политички прогон со цел Заев да може да тргува со нивната слобода (видео)
-
Јанушев: Виница се иселува, додека власта се зафати со менување на името
-
Јанушев: Структури на СДСМ изминатиот период имале средби со криминалното подземје, со цел да создаваат немири на протестите против промена на името
-
Јанушев: Со договорот со Грција ќе бидат променети учебниците, се брише целата македонска нација и се што досега постоело