| четврток, 6 декември 2018 |

Јанушев: Виница се иселува, додека власта се зафати со менување на името

Виница е се по празна, власта која ветуваше дека ќе го спречи иселувањето, не само што не го реши туку и го забрза, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој заедно со Владимир Ѓорчев вчера ја посети Виница.

-Ги слушаме граѓаните како велат дека со оваа власт нема перспектива и дека поради неправдата и криминалот кој се случува во Република Македонија среќата ќе ја бараат далеку од својот дом – рече Јанушев.

Тој истакна дека граѓаните не се согласуваат со, како што рече, срамниот договор за Македонија, со кој се менува името, идентитетот, историјата и културата. Јанушев потенцира дека договорот е капитулантски и дека во ниту една точка од истиот Македонија не е во предност.

Тој напомена граѓаните да не се плашат од уцените на власта и да не подлегнуваат на притисоците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top