| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Поповски: На 30 септември ќе се откажеме од сопственото – причина за славење нема!

Поранешен министер и пратеник од редовите на СДСМ, Никола Поповски-професор во колумна за еден медиум прави паралела помеѓу референдумот за независност од септември 1991 година и претстојниот со констатација дека нема да има потреба 30 септември да биде историски и да го славиме во иднина како оние денови од 1903 – 1944 – 1991 година ниту да го прогласуваме за државен празник

-Конечно, доколку одлуката од референдумот е толку важна и со историска тежина како и оние од 1903 – 1944 – 1991, можеме ли јавно да се прашаме: дали на 30 септември некој ќе оди на гласање со музика, знамиња и непречена радост и дали обезбедувањето натполовична излезност и позитивно гласање ќе се слави со собирања, музика и говори по плоштадите и домовите или во објектите на највисоките државни институции?

Дали некој веќе купил шампањско?- прашува Поповски.

-Ќе си дозволам малку да шпекулирам и да претпоставувам дека одговорот веројатно е – не. Би било добро да е така, бидејќи ќе нема многу причини да се слави денот кога се простуваме од нешто вековито и наше. Нема да има ни потреба тој ден да биде историски и да го славиме во иднина како оние денови од 1903 – 1944 – 1991 година ниту да го прогласуваме за државен празник. Придобивките од референдумскиот компромис можат да бидат позитивни и прагматични за иднината на оваа нација и држава, но секако тие не се од рангот на оние претходните и особено не можат да се одбележуваат и слават. Штом е така, тогаш септемврискиот референдум 2018 според својот дострел не може да биде продолжение на септемврискиот референдум 1991 година или на Илинден 1903 и АСНОМ 1944 година. Ни приближно- заклучува Никола Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top