Заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, оствари средба со членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, кои престојуваат во Македонија.
На средбата, како што соопшти МНР, министерот Попоски ја истакнал важноста за фер и демократски избори и изразил благодарност за поддршката на Европскиот парламент за евроинтегративниот процес на Република Македонија и заложбата за почнување на преговорите за членство во Европската унија.
Попоски ги запознал соговорниците со активностите на земјата во насока на јакнење на регионалната соработка и унапредување на добрососедските односи.
Членовите на Европскиот парламент го нагласиле значењето од одржување на кредибилни избори, што би ја детерминирала натамошната динамика на пристапниот процес на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.