| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче згазило на гола жица покрај базен, мајката притрчала да ја спаси, па се онесвестила

Девојчето Амелија Хартнет (6) си игралo покрај базен за бебиња во еден хотел во Кушадаси, кога застанала врз непокриена жица од лампа која се протегала до водата.

Нејзината мајка Данијел (36) и притрчала на помош, но и неа ја зафатила струја и паднала во несвест.

Мајката изјави дека Амелија отишла да си игра кога наеднаш слушнала вресок.

-Се сеќавам на вресокот и мислата дека детето ми е мртво. По една минута, помислив дека нешто мора да направам за да ја спасам. Дојдов до нејзините стапала и се обидов да допрам до неа, но ме удри струја. Толку беше јака што целосно ме истресе и не можев да мрднам. Подоцна ми рекоа дека сум била парализирана и онесвестена  – рекла таа.

Се претпоставува дека Амелија со мокра нога стапнала на жица која пак требало да биде покриена.

Гостин во хотелот употребил парче дрво за да ја помрдне, по што почнале да ја оживуваат додека не стигнала брзата помош.

Еден од гостите на хотелот успеал ја задржи Амелија за прстите и да преврти во воздух по што ја положил на трева, каде сведоците велат дека се вратила во живот, наведува мајката.

Кога стигнала брзата помош, семејството го одвеле во болница каде биле 7 часа.

Сопственикот на хотелот ги платил болничките сметки и се извинил, а лампата е отстранета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top