Фејт Дики е зависна од адреналин. Таа извела многу опасна „точка“ одење по жица на висина од 840 метри и тоа во високи потпетици.
Оваа жена доаѓа од Остин во Тексас и не се плаши за својот живот. Таа успеала да ја помине жицата за време на Хајгрлс Бразил фестивалот. Страшната провалија се вика Педро де Гавеа во Рио де Жанеиро и една е од најпознатите провалии во таа земја.
Фејт ја пречекори жицата која се наоѓа на 840 метри над нивото на морето и тоа во розови потпетици. Како заштита имала само една сајла која би ја спасила во случај да падне.
-Се подготвував за ова одење по жица со класична метода – боса. Морав да ја проверам тензијата и уживав во лесното чекорење пред да решам да си ја отежнам целата работа носејќи високи потпетици. Ова беше моја прва „прошетка“ во Рио и погледот беше неверојатен. Навистина е спектакуларно да се биде над целиот град, плажата и над целата планина. Навистина ми го одземаше здивот- појаснила оваа храбра жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Девојче згазило на гола жица покрај базен, мајката притрчала да ја спаси, па се онесвестила
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ