| четврток, 6 декември 2018 |

По „Пастрмајлијада“ и „Ајваријада“ – во Бистра има „Овчаријада“

Регионалната манифестација „Ден на одгледуваните на овци Маврово – Ростуше 2013”, традиционално по осми пат, ќе се одржи денес на падините на Бистра.

Планирано е да се одржат натпревари во молзење на овци, натпревари во стрижење на овци, изложба на автохтони колекции на овци, демонстрација на машинско молзење на овци, демонстрација на машинско стрижење на овци, изложба на кучиња од расата македонски овчарски пес „Шарпланинец“ и културно уметничка програма.

Манифестацијата е под покровителство и поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, а предвидено е присутните да ги поздрави ресорниот министер Љупчо Димовски,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top