| четврток, 6 декември 2018 |

Овци пасат среде градски парк во Скопје (галерија)

На социјалните мрежи денеска без објавени фотографии од овци кои пасат и шетаат во Градскиот парк во Скопје. Жителите на Центар незадоволни од игнорантскиот однос на надлежните се обратија преку социјалните мрежи до Општина Центар: Општина Центар, овци шетаат во Урбан парк. Денес, сега, тука! #Беееее

-Овците не се толку проблем колку што се купиштата ѓубре и шишиња што се генерираат од дивите населби, никнати во паркот. Плус, често се пали и оган од пластика што го загадува цел центар и пошироко. Дајте конечно содветно социјално решение за граѓаните. И тие заслужуваат такво нешто, и локалните жители заслужуваат такво нешто. Не може проблемот вечно да оди „под тепих“, кога тепихот гори, труе на километри!!, пишуваат загрижените граѓани.

извор/фото: РадиоМОФ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top