| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани ги трујат 400 фантоми кои живеат кај Вардариште, Хиподром и кај кожарата

Утврдени се три локации во Гази Баба од каде доаѓа директното загадување на воздухот во Скопје. Станува збор за депонијата Вардариште, втората локација се наоѓа спроти Хиподром до автопатот и третата кај поранешна кожара. На овие локации живеат околу 400 лица дел од нив немаат никакви документи, дел се доселени и од Косово.

Според раководителот на инспекторатот на Град Скопје, Мирослав Богдановски кој завчера заедно со градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и заменик министерот за животна средба Јани Маркрадули имаа работна средба токму за загадувањето, станува збор за лица кои собираат железо и бакар, а се останото што не им треба секоја вечер го спалуваат.

-Овие луѓе собираат материјал преку цел ден, вадат федери, железо и тоа што не им треба го спалуваат. Со години овој проблем не се решава, некои од овие луѓе немаат ниту документи, дел се доселени од Косово. Ќе мора да се направи нивна дислокација да се исчисти просторот . Се работи за луѓе со деца затоа тоа мора да биде една поголема акција во која ќе биде вклучено и Министерството за труд и социјала . Проблем се и нелегалните откупувачи на железо и бакар, тие што им го откуваат железото и треба да се санкционираат. Ако ги сместиме овие луѓе во живеалишта може да дојде нов бран од внатрешноста на Македонија, затоа е потребно трајно решение, вели Богдановски.

Целата сторија на Вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top