Индискиот инвеститор Субрата Рој преку порталот Фактор најави дека во март ќе ја рестартира Џумајлија, агро-комбинатот од Лозово кај Свети Николе, создавајќи модерна млекарница.
„Тоа ќе биде целосно модернизирана млекарница, а ќе донесеме и крави од Холандија“, го пренесува порталот Субрата Рој.
Земјиштето на некогашниот втор по големина агрокомбинат „Џумајлија“,одземено откако прогласи стечај, државата од лани го продава.
Според тендерската документација која неодамна се подготвуваше за Џумајлија, Рој требаше да инвестира над 200 милиони евра во следните три години, и имаше обврска да вработи 200 лица во првата година, а со земјиштето ќе стопанисува во следните 35 години. Индискиот бизнисмен најави дека ќе донесе над 20 илјади грла говеда, ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со голем капацитет, а ќе произведува млеко кое ќе се извезува во регионот и во Европа, пишува Фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
Оваа година има три пати помалку капитални инвестиции споредено со лани