| четврток, 6 декември 2018 |

Невработеност на младите: Грција не претекна, на ред е Шпанија

naslovnaСпоред најновата листа на Евростат, Грција е прва во Европа по бројот на млади лица (од 15 до 24 години), а кои немаат работа. Во Грција живеат  милион и 76 илјади млади , од кои лани дури 55,3 проценти биле невработени. Втора е Македонија со 53,9 отсто невработени од вкупно 304 илјади млади лица. На добар пат да не престигне според невработени млади лица е Шпанија, трета на оваа листа со 53,2 отсто од популацијата што брои 4,5 милиони. По неа следува најновата членка на Европската унија, Хрватска, со 43 отсто невработени од вкупно 520 илјади младинци во оваа земја.

Според Евростат, лани во Европската унија имало 23 отсто невработени од вкупно 57,5 милиони млади лица. Од земјите-членки на Унијата, најмалку младинци без работа има во Германија и во Австрија.tabela

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top