| четврток, 6 декември 2018 |

Омер Калеши во Кичево: Изложба и музика во неговиот роден град

Добитникот на годинешната државна награда „Мајка Тереза“, уметникот Омер Калеши гостува во неговиот роден град, Кичево. Калеши е повеќеслоен уметник и ќе се претстави со изложба и музика во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.Организатор на овој културен настан е здружението „Артацт“, кој на последниот конкурс за Нов културен бран од Министерството за култура добија поддршка од 180 илјади денари.

Настанот започнува во 19 часот и влезот е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top