| четврток, 6 декември 2018 |

„Статуафест“ денеска и утре на улица „Македонија“

Живи статуи од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина и Македонија ќе учествуваат на фестивалот „Статуафест – другото лице на улицата“ кој денеска и утре од 18 часот до полноќ ќе се одржува на улица „Македонија“ во организација на „Театроск“.

– Она што го прави овој фестивал поразличен од останатите е неговиот формат, односно живите статуи кои ќе го разубават градот и ќе ја покажат специфичноста на оваа професија пред македонската публика, соопшти „Театроск“, кој повеќе од десет години се занимава со живи статуи и на фестивалот ќе ја презентира и својата продукција.

Целта на организаторот е да го развие овој вид уличен фестивал во Скопје по примерот на европските центри. Покрај живи статуи, фестивалот ќе има и музичка програма со настапи  на диџеи и бендови. Покровител е Град Скопје и се организира со поддршка на спонзори. 

МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top