| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе го укине зимското сметање на времето

Европската комисија денес го објави предлогот за укинување на полугодишното поместување на часовникот во ЕУ во 2019 година, давајќи им на земјите-членки слобода да одлучат дали сакаат да го задржат летното или зимското сметање на времето.

Последното задолжително поместување на часовникот ќе биде во недела на 31 март 2019 година. Земјите-членки што сакаат да го вратат зимското сметање на времето ќе треба да направат уште едно последно полугодишно поместување во недела на 27 октомври 2019 година. По тој датум, полугодишното поместување повеќе нема да биде можно.

И Македонија ќе го укине зимското сметање на времето доколку оваа одлука на Европската комисија помине на Европскиот парламент и биде прифатена од земјите-членки на ЕУ.

– Стратешкиот интерес на РМ е членство во ЕУ, така што во рамките на интегративните процеси ќе се прави усогласување со сите активности и одлуки што ќе бидат донесени од земјите-членки на ЕУ во претстојниот период – велат од Владата на РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top